Дома Фудбал Аргентински новинар: Меси 90% останува во Барса

Аргентински новинар: Меси 90% останува во Барса

Аргентинскиот новинар Мартин Аревало тврди дека постои 90% можност Лионел Меси да остане во Барселона.

Аревало на социјалните мрежи напиша дека најреална можност во моментов, по денешниот состанок, е Меси да остане во Барселона.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Првиот состанок на таткото на Меси и претседателот Жозе Мартија Бартомеу заврши без договор за иднината на фудбалерот, па утрово имаше нов состанок.

Меси минатата недела соопшти дека сака да ја напушти Барселона бесплатно, зашто смета дека неговата клаузула во договорот уште е активна, иако така не мисли Ла Лига.

Понудата од страна на Барселона е да остане уште една сезона и следното лето да може да си замине како слободен агент, а според еминентниот новинар најверојатно Меси ќе се согласи на тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Продажбата повеќе не е опција? Влаховиќ има два избори за иднината

Ситуацијата околу иднината на Душан Влаховиќ останува многу сложена и се очекува состанок …