Дома Македонски спорт Мак баскет Антиќ: Името на федерацијата е сменето со одлука на Собрание кое го водеше Петар Наумовски

Антиќ: Името на федерацијата е сменето со одлука на Собрание кое го водеше Петар Наумовски

Претседателот на Кошаркарска федерација Перо Антиќ во изминатите години многу често беше напаѓан за промената на името на федерацијата и додавањето на „северна“. Сега Антиќ тврди дека таа промена била направена од неговиот претходник Петар Наумовски.

Во гостувањето на една локална телевизија, Антиќ за првпат јавно зборуваше на оваа тема префрлајќи ја вината на Наумовски.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Од дневниот ред добро се гледа дека како шеста точка на Собранието е носење одлука за промена на називот на Федерацијата. Во тие моменти, Собранието го води тогашниот претседател Петар Наумоски.

Мојот избор за претседател е дури деветта точка откако претходно беше констатиран престанок на функцијата на мојот претходник. Петар Наумоски, на тоа Собраниа а делегатите добро знаат и се сеќаваат, појасни дека законска обврска на сите спортски федерации е да направат промена на називот.

По препорака на Агенцијата за млади и спорт и Македонскиот олимписки комитет даден е предлог за полн и скратен назив на федерацијата. Називот на Здружението на граѓани е Кошаркарската федерација на Северна Македонија. Скратено име е КФСМ. Ваквиот предлог беше усвоен со 27 гласа ЗА“, зборува Антиќ.

Кошаркарската федерација, инаку е една од ретките кои го променија името, поголем број федерации си ги задржија имињата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…