Дома Топ вести Англичаните тврдат: Челзи денес го комплетира најскапиот трансфер во својата историја

Англичаните тврдат: Челзи денес го комплетира најскапиот трансфер во својата историја

Според тврдењата на англиските медиуми е само прашање на време кога Челзи ќе го комплетира трансферот на Каи Хаверц од Баер Леверкузен.

Двата клуба веќе подолго време се во преговори за трансферот и се чини дека конечно нашле заеднички јазик, па ги договараат последните детали.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Леверкузен за Хаверц бараше 90 милиони евра, Челзи нудеше десет помалку, а последните информации се дека трансферот ќе биде договорен на 90 милиони евра со вклучени бонуси.

Најверојатно 70 милиони евра ќе бидат платени во кеш, а останатите 20 милиони преку бонуси и тоа ќе биде воедно и најскапиот трансфер во историјата на Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал и ПСЖ се „тепаат“ за големиот аргентински талент

Реал Мадрид и ПСЖ покажуваат сериозен интерес за големиот аргентински талент на Ривер Плат…