Италијанските медиуми пренесуваат дека играчот на Парма, Дејан Кулушевски со своите добри игри го привлекол вниманието на најголемите италијански клубови, како и на други европски гиганти.
Дејан Кулушевски има македонско потекло, но се реши да игра за шведската репрезентација. Оваа сезона игра фантастично во дресот на Парма и во јануари ќе се води „битка“ за неговиот потпис.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За неговиот потпис интерес покажуваат Интер, Милан и Јувентус, но сега во трката се вклучија англиските гиганти Арсенал и Манчестер Јунајтед.
Англиски „Сан“ тврди дека Арсенал и Манчестер Јунајтед веќе подолго време го следат Македонецот и се спремни да испратат понуда во јануарскиот преоден рок.
Кулушевски има 19 години, а на почетокот на сезоната од Аталанта пристигна во Парма како позајмен играч. Синоќа и официјално дебитираше за шведската репрезентација против Фарски Острови, иако има настао за македонската У16 репрезентација.