Дома Фудбал Англија Англиски фудбалер излезе од затвор и веднаш си најде нов клуб

Англиски фудбалер излезе од затвор и веднаш си најде нов клуб

Англискиот фудбалер Рис Томпсон е нов играч на нисколигашот Силби Таун.

Оваа вест силно одекна во Англија, бидејќи Томпсон минатата година беше осуден на три години затвор откако ја претепа својата девојка.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тој во 2018 година и нанесе тешки телесни повреди со метална шипка на својата девојка, па беше осуден на три години затвор.

Томпсон одлежа нешто повеќе од една година во затвор и веднаш откако излезе си најде нов клуб.

Навивачите на Селби Таум изразија негодување, но раководството смета дека направило вистински потег.

„Рис научи многу од своето однесување. Тој ја одлежа својата казна и треба да му се даде втора шанса. Сметаме дека многу ќе придонесе во нашиот тим“, изјавија од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Се отвора ли уште едно место на СП? „Не постои план Б, В или Г, тие доаѓаат“

Претседателот на Светската фудбалска федерација Џани Инфантино соопшти дека смета дека Ира…