Дома Фудбал Англија Алиоски доби нов тренер – Биелса нов кормилар на Лидс

Алиоски доби нов тренер – Биелса нов кормилар на Лидс

Искусниот аргентински стратег Марсело Биелса ќе биде нов тренер на Лидс, потврди денес англискиот клуб.

„Лудакот“ веќе подолго време се поврзуваше со кормилото на Лидс, а денес и официјално потпиша двегодишен договор со славниот англиски клуб.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Со оваа менаџерска смена Лидс и петта сезона во низа во Чемпионшип ќе стартува со нов менаџер, а Алиоски ќе има шанса да работи со врвен стратег.

Биелса своевремено беше селектор на Аргентина, потоа ја водеше и селекцијата на Чиле, а минатата сезона ја почна во Лил, каде доби отказ по недоразбирањето со управата на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роберто Карлос се огласи од болница по информациите дека имал срцев удар

Познатиот бразилски фудбалер Роберто Карлос (52) во последните денови на 2025 година итно …