Tимот на македонскиот интернационалец Езгјан Алиоски игра одлично на стартот на сезоната и доколу Лидс продолжи во вакво темпо наредната сезона ќе ги гледаме во Премиер лигата. Овој тим после осум одиграни кола е лидер на табелата.
Алиоски прикажува сосема солидни настапи и од почетокот на сезоната е стрелец на четири погодоци, забележа и две асистенции.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Лидс на последниот натпревар славеше победа против Престон од 3:0, а иако Алиоски не игра лошо сепак на социјалните мрежи преовладуваат коментарите дека треба да подобри неколку сегменти во неговата игра.
Алисоки е критикуван и поради еден интересен податок. Имено тој е фудбалерот кој најмногу пати бил „фатен“ во офсајд позиција од почетокот на сезоната. До овој момент Македонецот во недозволена позиција се нашол 13 пати.
Зад него следува Брин Асомабалонга од Миделсброу (12) и Фрејзер Кембел од Хал (7).