Алексис Санчез цврсто стои зад својата одлука и најваеројатно по кракот на сезоната ќе го напушти Арсенал, пренесуваат шпанските медиуми.
Санчез одби да го продолжи договорот со Арсенал, па „топџиите“ ќе бидат приморани да го продадат следното лето бидејќи Чилеанецот влегува во последната година од договорот.
Луд викенд: "Ел Класико" во Шпанија и супер дербија во Англија и Италија! ↓↓↓
Последните шпекулации велат дека би можел да се врати во Шпанија и тоа во тимот на Севиља. Имено, тренер на андалузискиот тим е Хорхе Сампаоли, со кого Санчез е во исклучително добри односи и со кого соработуваше во националниот тим.
„Алексис е уништен од недостаток на перспектива во Арсенал. Очајот му беше целосен после поразот со 1:5 од Баерн во првиот осминафинален дуел во Лигата на шампионите. Неговиот договор со ’топџиите’ е до 2018 година, но тој инсистира да биде продаден ова лето“, пишува „Дејли Стар“.
Првиот избор на Санчез е враќање во Шпанија, па доколку Севиља не може да ги задоволи финансиските барања како втора опција се споменува Атлетико Мадрид.
Силен интерес за Санчез исто така покажуваат и италијанските гиганти Јувентус и Интер, како и ПСЖ.