Италијанскиот стартег Масимилиано Алегри моментално е без ангажман по заминувањето од Јувентус, а негова следна дестинација најверојатно ќе биде Премиер лигата.
Неговото име силно се поврзува со клупата на Манчестер Јунајтед, а сега „црвените ѓаволи“ добија конкуренција за неговиот потпис.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, Евертон будно ја следи ситуацијата околу Алегри и сака да го доведе како замена за Марко Силва.
Доколку клубот од Ливерпул се раздели со Марко Силва, веднаш ќе стапи во контакт со 52-годишниот Италијанец, кој призна дека интензивно учи англиски јазик.
Евертон катастрофално ја отвори сезоната. По осум кола се дури на 18-то место со само 7 бода и катастрофална ефикасност со просек помал од еден гол по натпревар.
Секако, доколку до Италијанецот пристигнат двете понуди, многу поверојатно е дека ќе избере да се пресели на „Олд Трафорд“.