Дома Фудбал Италија Алегри се откажа пред реваншот: Веќе размислуваме за првенството!

Алегри се откажа пред реваншот: Веќе размислуваме за првенството!

„Старата дама“ синоќа беше декласирана од Реал Мадрид на домашен терен во првиот четвртфинален меч во рамки на ЛШ.

Алегри по тешкиот пораз од 0:3, го истакна своето видување на целиот меч и изјави дека веќе размислува на првенството и италијанскиот Куп.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Потребна е и среќа кога играш против ваков тим, а секако потребен е и лош ден за Роналдо. Игравме добро по првиот гол, па иако загубивме сметам дека бевме достоен противник. Но, да се игра против Реал уште еднаш докажува зошто имаат три освоени титули во последните четири сезони во ЛШ“.

„Имавме шанси да израмниме, а потоа се разочарав што примивме трет гол. Рамос во следниот меч ќе биде суспендиран, па да беше 2:0 ќе можевме да се надеваме на реваншот во Мадрид. Скапо ги плативме недоразбирањата, но сепак не им замерувам на своите фудбалери кои играа против најдобриот напаѓач во светот. Од утре веќе размислуваме за првенството“, истакна Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Њукасл спремен да го пушти Исак во Ливерпул

Bританските медиуми во петокот објавија дека раководството на Њукасл очекува нова понуда о…