Австрискиот фудбалер, Давид Алаба одлучи да го напушти Баерн Минхен и среќата да ја побара некаде на друго место.
Според бројни информации, 28 годишниот дефанзивец е блиску до мадритски Реал со кој веќе води преговори. На големо се пишуваше дека Алаба и има договор, но последните информации говорат дека тоа не е така.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно, Алаба сега ја чека Барселона и изборот на нов претседател во каталонскиот гигант. Исто така се разгледуваат и други опции. Се шпекулира дека Алаба има понуди од Ливерпул, ПСЖ, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед.
Алаба имаше понуда од Баерн за продолжување на соработката, меѓутоа поради некои причини се реши за промена во неговата кариера.