Дома Топ вести Агуеро откри: Меси ќе се врати дома!

Агуеро откри: Меси ќе се врати дома!

Легендата на аргентинскиот фудбал, Кун Агуеро ја откри иднината на неговиот пријател Лео Меси.

Иднината на Меси е главна тема во медиумите бидејќи неговиот договор со ПСЖ истекува на крајот на сезоната, а Аргентинецот одби продолжување на соработката.

Интересен коментар за иднината на Меси сега даде неговиот добар пријател Серхио Агуеро.

„Лео сериозно размислува за опцијата да се врати дома и да игра за Њуелс“, изјави Кун.

Меси потекнува од академијата на Њуелс, од каде потоа замина во Барселона и никогаш не криел дека таму сака да ја заврши кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…