Дома Топ вести Агуеро откри колкави се шансите Меси да се врати во Барселона

Агуеро откри колкави се шансите Меси да се врати во Барселона

Легендата на аргентинскиот фудбал, Кун Агуеро зборуваше за иднината на неговиот пријател Лео Меси.

Иднината на Меси е главна тема во медиумите бидејќи неговиот договор со ПСЖ истекува на крајот на сезоната, а Аргентинецот одби продолжување на соработката.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се погласни се шпекулациите дека Меси може да се врати во Барселона, а Агуеро излезе со проценти за можното враќање на „Камп Ноу“.

„Верувам дека Лео Меси сака да се пензионира во Барселона бидејќи тоа е негов дом и таму треба да ја заврши кариерата. Мислам дека Лапорта треба да се обиде да го врати назад. Ако Лапорта го направи првиот чекор, враќањето на Меси ќе биде поблиску. Моментално шансите се 50/50“, изјави Агуеро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…