Дома Трансфер зона Агуеро го напушта Манчестер, се сели во Лондон?

Агуеро го напушта Манчестер, се сели во Лондон?

Иднината на Серхио Агуеро е главна тема во медиумите откако Аргентинецот потврди дека на крајот на сезоната ќе го напушти Манчестер Сити.

Агуеро се поврзува со бројни клубови ширум Европа, но наводно тој не сака да ја напушти Англија.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Како што пренесува „Телеграф“, 32-годишниот напаѓач моментално размислува за Тотенхем и Челзи, клубови кои веќе испратиле понуди до неговиот агент.

Наводно приоритет на Агуеро е да остане во Премиер лигата, бидејќи Барселона се уште не испратила официјална понуда.

Агуеро до сега одигра 384 натпревари за Сити и стана најдобар стрелец во историјата на клубот со 257 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…