Дома Трансфер зона Агентот тврди: Арда Туран останува во Барселона!

Агентот тврди: Арда Туран останува во Барселона!

Иако Барселона го стави на трансфер листа, агентот на Арда Туран тврди дека турскиот репрезентативец ова лето нема да ја менува средината.

Арда има слаба минутажа во Барселона, па неколку европски гиганти како и клубовите од неговата татковина беа заинтересирани да го донедат во своите редови.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


30-годишниот офанзивен играч за врска пристигна на „Камп Ноу“ во 2015 година, но мораше да чека шест месеци на своето деби бидејќи Каталонците тогаш беа под казна.

Минатата сезона Арда одигра 30 натпревари и постига 13 гола. Меѓутоа, новиот тренер Ернесто Валверде ќе смета на него во новата сезона.

Неговиот агент денес потврди дека Арда останува во Барселона и планира до крај да го одработи договорот кој му истекува во 2020 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид и Барселона ја следат ситуацијата со Халанд

Според информациите на британските медиумите Ерлинг Халанд сака да го напушти Манчест…