Мадридскиот весник „Марка“ денес лансираше вистинска „бомба“ и тврди дека Реал Мадрид и Тотенхем почнале преговори за трансфер на Герет Бејл.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Реал Мадрид јавно му соопшти на Бејл дека нема да смета на него наредната сезона, но Велшанецот не сака да се откаже ниту од цент од својата голема плата, па одбива да си замине.
„Марка“ тврди дека Тотенхем стапил во контакт со Реал Мадрид и е спремен да плати 60 милиони евра за потпсисот на Велшанецот (ОВДЕ).
Сега на оваа тема се огласи и агентот на Бејл, Џонатан Барнет, кој кратко изјави.
„Никогаш не коментирам глупости“.
Со тоа агентот на Бејл јасно стави до знаење дека Велшанецот нема намера да си замине од Реал ова лето, иако не е во плановите на тренерот Зидан.
Бејл е еден од играчите кои Реал сака да ги продаде ова лето, а играчот моментално е на припреми со остатокот од тимот во Монтреал.