
Рома е заинтересирана за доведување на напаѓачот на Манчестер Јунајтед Џошуа Зиркзе во јануарскиот преоден рок, пренесоа денес британските медиуми.
Италијанскиот клуб би го довел холандскиот фудбалер на позајмица, со право на откуп ако се исполнат одредени услови, пренесе Скај.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Јунајтед е информиран за интересот за 24-годишниот фудбалер, но не бара активно купувач за него, откако Зиркзе одигра добро во последните неколку натпревари.
Менаџерот на Јунајтед Рубен Аморим нема многу опции во нападот, поради неодамнешната повреда на Бенџамин Шешко, иако по повредата се врати на терен Матеус Куња.
Исто така, наскоро ќе го напуштат тимот Брајан Ембеумо и Амад Диало, за да настапат за своите репрезентации на Камерун и Брегот на Слоновата Коска на Африканскиот куп на нации, од 21 декември до 18 јануари.
Зиркзе оваа сезона беше стартер во само три натпревари во Премиер лигата, а во почетниот тим беше трипати во последните четири натпревари. Одигра вкупно 345 минути и постигна еден гол.
Рома мора да доведе напаѓач, бидејќи Фергусон и Довбик не се по волја на тренерот Џанпиеро Гасперини, па ќе видиме дали овој зделка ќе се реализира…