Дома Фудбал Жестока пресметка помеѓу наивачите на Челси и Реал Бетис пред финалето во Конференциската лига (Видео)

Жестока пресметка помеѓу наивачите на Челси и Реал Бетис пред финалето во Конференциската лига (Видео)

Фудбалерите на Челзи и Реал Бетис ќе се борат вечерва од 21 час за трофејот од Конференциската лига во полскиот Вроцлав, а пред финалето на третото по квалитет европско натпреварување не доби убава увертира…

Имено, навивачите на англискиот и шпанскиот клуб се судрија на улиците на Вроцлав, а хаосот започна синоќа пред едно кафе во центарот на градот. Сѐ уште не е познато кој ја започнал кавгата, но некои извештаи тврдат дека фановите на Бетис биле иницијатори. Столчиња, чаши и шишиња летале на сите страни, имало многу скршени стакла и други предмети од локалните кафулиња по улиците. Борбата меѓу хулиганите продолжила и во други делови на градот.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Сепак со брза реакција на полската полиција беше спречена натамошна ескалација, а редарските сили во тој град постојано се на стража за да не се повторат вакви сцени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса со пресврт го победи Овиедо

Во натпревар од 6. коло на шпанската Ла Лига, Реал Овиедо ја пречека Барселона, која тешко…