Дома Фудбал Жестока казна: Тепачите од Слупчане доживотно суспендирани!

Жестока казна: Тепачите од Слупчане доживотно суспендирани!

Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека Дисциплинскиот комесар на Трета лига – Север донесе одлука за доживотна суспензија на фудбалерите Орхан Демири и Ердин Арифи од ФК Беса Слупчане, поради физички напад и обид за линч на противнички фудбалер по завршување на натпреварот ФК Беса Слупчане – ФК Аеродром, одигран во рамки на 8. коло од Третата лига – Север.

Домашниот терен на ФК Беса Слупчане се суспендира на 10 (десет) натпревари. Истовремено, ФК Беса согласно дисциплинскиот правилник е должен да плати и парична казна.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Фудбалската федерација на Македонија најостро го осудува секој облик на насилство на фудбалските терени и ќе продолжи со доследна примена на сите дисциплински прописи, со цел заштита на интегритетот на натпреварите и безбедноста на сите учесници во фудбалот.

Ставот на ФФМ е јасен и недвосмислен:
Во фудбалот нема место, ниту милост за оние што се подготвени да тепаат, линчуваат и го нарушуваат угледот на фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арбелоа нема да остане тренер на Реал Мадрид, Перез подготвува големо изненадување!

Алваро Арбелоа со извесност ќе се раздели од функцијата тренер на Реал Мадрид на крајот на…