
Кошаркарот на Реал Мадрид Џанан Муса би можел да го напушти шпанскиот тим летово.
Кошаркарските медиуми низ Европа ја пренесоа веста дека Денис Смит Џуниор го напушта Реал Мадрид по само еден месец, а постои можност да не биде единствен.
Како што јавува „Марка“, Џанан Муса, репрезентативец на Босна и Херцеговина, летово би можел да стане слободен играч и така да стане вистинска „бомба“ во европската кошарка.
Реал загуби од Уникаха во финалето на Купот на кралот и Муса беше спомнат во јавноста како еден од виновниците за тој пораз и се наведува неговата слаба форма.
СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓
Тој се повреди против Анадолу Ефес во Истанбул кога Реал беше поразен, и изјави дека ќе игра во купот дури и на една нога, па затоа е разбирливо што играше под неговото ниво.
За време на трите натпревари во Купот на кралот, Муса имаше шут 1/10 за три поени, а во финалето против Уникаха постигна 4 поени (сите од слободни фрлања, 0/4 од игра), а „Марка“ наведува дека не му е првпат да подфрли во важен натпревар и затоа заслужува критики.
Договорот на Муса истекува на 30 јуни и постојат одредени сомнежи дека нема да биде продолжен и дека Муса веќе размислува за трансфер и постепено размислува за избор на нова средина.