Дома Фудбал Заврши сезоната во ПМФЛ: Беса ќе игра бараж за опстанок

Заврши сезоната во ПМФЛ: Беса ќе игра бараж за опстанок

Сезоната во Првата македонска фудбалска лига е завршена, а последното коло донесе одговор на единствената преостаната дилема – кој тим ќе мора во бараж за опстанок. Брера беше во најповолна позиција и таа шанса ја искористи – со победата од 3-2 над Работнички си обезбеди уште една година меѓу најдобрите.

Нџенгуе и Велков беа прецизни за водство од 2-0, Лазаревиќ намали за „романтичарите“ пред паузата, но Ѓорѓиевски со гол од пенал во вториот дел ги сруши надежите на скопскиот тим. До крајот, Работнички успеа само да го ублажи поразот.


Паралелно, Беса одигра одлично во Битола и го декласираше Пелистер со 4-1, но бодовите останаа само за статистика – резултатот од Струмица значеше дека токму тие ќе мораат да играат бараж за опстанок.

Во Тетово, иако денот беше резервиран за славење на шампионската титула на Шкендија, прославата не доби среќен епилог на теренот – Силекс ја изненади новата шампионска екипа со триумф од 3-1. Сепак, тоа малку можеше да ја замрачи радоста на домашните навивачи кои со заслужено славје ја испратија успешната сезона на својот тим.

Резултати 33. коло:

Брера – Работнички 3-2
Пелистер – Беса 1-4
Шкендија – Силекс 1-3
Тиквеш – Струга 3-3
Вардар – Гостивар 3-0 (службено)
Воска – Шкупи 0-3 (службено)

Табела: Шкендија 70, Силекс 67, Работнички 56, Струга 51, Вардар 45, Пелистер 39, Шкупи 38, Тиквеш 34, Брера 34, Беса 33, Гостивар 21, Воска -5.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Готово: Ливерпул го обезбеди првото засилување!

Џереми Фримпонг е новиот член на Ливерпул. На крајот, договорот меѓу двата клуба, како и с…