Дома Фудбал За неколку дена Кепа преминува во Арсенал

За неколку дена Кепа преминува во Арсенал

Голманот Кепа Арисабалага ќе премине во Арсенал оваа недела со трансфер вреден 5 милиони фунти од англискиот првенствен ривал Челси, соопштува „Скај Спортс“. Тој минатата година потпиша нов договор со „сините“ и ја помина сезоната на позајмица во Борнмут.

Според информациите, Арсенал ќе ја плати откупната клаузула во договорот на Шпанецот. Кепа исто така прифатил да има намалена неделна плата кај „топџиите“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Арсенал минатата сезона беше вицешампион на Англија, а на голот на „топџиите“ беше Давид Рая. Се очекува тој да биде стартер и оваа година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона сега чудо ќе ја спречи да освои титула, Левандовски со среќен гол го урна Атлетико (Видео)

Фудбалерите на Барселона во 30. коло на Примера победија Атлетико Мадрид со 2:1 и така ја …