
Поранешниот голман на Манчестер Сити, Скот Карсон, објави дека на 40-годишна возраст ја оконча својата фудбалска кариера.
Во ова лето, му заврши договорот со Сити, што го напушти по шестгодишен престој, за време на кој освои четири титули во Премиер лигата и Лигата на шампионите.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
“По ова неверојатно патување помеѓу стативите, дојде време да ги оставам ракавиците. Фудбалот ми даде сè – спомени, пријателства и незаборавни моменти. Благодарен сум на секој соиграч, тренер, навивач и клуб што беа дел од мојот пат. Ми беше чест”, напиша Карсон на Инстаграм.
Во својата 21-годишна кариера, Карсон настапуваше за десет клуба, а дебитираше во 2004 година со Лидс.
За Англиската репрезентација настапи на четири натпревари.
Беше дел од Ливерпул кога тимот ја освои Лигата на шампионите, ФА купот и Суперкупот, а имаше над 100 настапи за Дерби Каунти и Вест Бромвич Албион.
Најголемиот успех го достигна во Сити, каде што ја освои тројната круна и Лигата на шампионите во 2023 година, откако дојде на позајмица од Дерби. Вкупно освои 12 трофеи.
Сепак, стана култна фигура меѓу фановите, иако одигра вкупно 107 минути, бидејќи најголем дел од времето беше третиот голман зад Едерсон и Стефан Ортега.
Последниот натпревар го играше во март 2022 година, кога се појави во второто полувреме во дуелот против Спортинг во возвратниот осминафинален меч во Лигата на шампионите.
Играчот на Сити, Мануел Аканџи, кој е на позајмица во Интер, го нарече Карсон “апсолутна легенда” како одговор на објавата за завршувањето на кариерата, додека поранешниот соиграч Фернандинјо напиша: “Goat“.
Напаѓачот на Сити, Ерлинг Халанд, напиша: “Ќе ми недостигаш пријателе, сè најдобро”.