
Дали е правиот момент Манчестер Јунајтед да побара уште еден напаѓач?
Едни врати се отвораат за нив, тоа се вратите на фудбалерот на Кристал Палас, Филип Матета.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Матета беше мета и летово, но клубот одлучи да го купи Бенјамин Шешко, но овој фудбалер упорно одбива да потпише нов договор со тимот на Кристал Палас.
Тоа е добар знак за клубовите што го сакаат, па така и за Јунајтед кои не се откажале од него.
“Логично е Матета да премине во Манчестер Јунајтед”, изјави Бакари Сагња, поранешен фудбалер на Арсенал.
“Тие немаат ‘деветка’ која е висока, која може да ја задржи топката и која може да донесе голови по центаршутеви. Веќе не е млад фудбалер и би било добро за него да ја промени средината”, рече Сагња.