Дома Фудбал Вознемиручко: Фудбалер со расцепано лице на стартот на новата сезона

Вознемиручко: Фудбалер со расцепано лице на стартот на новата сезона

Почетокот на новата сезона во Националната лига на Англија донесе шокантен момент на натпреварот меѓу Карлајл Јунајтед и Вокинг – напаѓачот Лук Армстронг ја доживеа несреќата да му биде расцепено лицето откако беше удрен со копачка од противничкиот голман во главата.

Карлајл, кој неодамна испадна од Лига 2, се надева на брзо враќање во повисок ранг. Армстронг, кој е позајмен од Мадервила, донесе предност на својот тим во 57. минута, а подоцна беше вмешан во гужва пред голот, обидувајќи се да го искористи одбитокот.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


Тој со глава се насочи кон топката, но голманот на Вокинг, Крег Рос, го удри со копачките по десната страна од лицето. Повредата изгледаше страшно, но судијата не го санкционираше инцидентот бидејќи Рос ја зафати топката пред Армстронг и спречи поголемо водство на домаќините.

Армстронг мораше да го напушти теренот, а неговото место го зазеде Џорџи Кели. Само десет минути подоцна, Итaн Робсон од слободен удар ја зголеми предноста на 2:0, што беше и конечниот резултат на натпреварот.

И покрај тешката повреда, во Карлајл на социјалните мрежи споделија фотографија од играчот со оптимистична порака:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сите ја видоа позадината на телефонот на Јамал, откриено за која девојка станува збор (Фото)

Во текот на натпреварот помеѓу Барселона и Комо, не само што играта беше главен фокус. Вни…