Дома Фудбал Во трката за „Златната топка“ појави изненадувачки фаворит – ова се кандидатите!

Во трката за „Златната топка“ појави изненадувачки фаворит – ова се кандидатите!

Трката за “Златната топка” е далеку од својот крај, но барем се насетува кој би можел да биде во најтесниот круг на кандидати. 

Според последните истражувања, моментално главниот фаворит за престижната награда е Рафиња, а потоа следат Килијан Мбапе и Ламин Јамал.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Главната вест во однос на минатата недела е тоа што Мохамед Салах испадна од трката, и покрај импресивните индивидуални резултати, го чинеше исфрлањето од Лигата на шампионите и поразот во финалето на ФА купот.

Трката ја предводат асовите на Барселона и Реал, кои сѐ уште се во игра за сите три трофеи.

Барселона е лидер во Ла Лига, со ист број на бодови како и Реал Мадрид, но Каталонците имаат и еден натпревар помалку. Исто така, и двата тима се во игра за пласман во финалето на Кралскиот куп, како и во Лигата на шампионите, каде се соочуваат со Арсенал и Борусија Дортмунд.

Сепак, во врвот е и Усман Дембеле, кој игра импресивно во 2025 година и сигурно ќе биде меѓу кандидатите, особено ако ПСЖ стигне до самиот крај во Лигата на шампионите.

Што се однесува до индивидуалните бројки, Рафиња има постигнато 27 голови и дури 21 асистенција, Мбапе има 30 голови и четири асистенции, а Јамал има 13 голови и 17 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…