Дома Фудбал Во Премиер лигата дебитираше момче од 15 години поради кое мораше да биде направен специјален дрес

Во Премиер лигата дебитираше момче од 15 години поради кое мораше да биде направен специјален дрес

Премиер лигата синоќа влезе во нова ера бидејќи во еден натпревар од најдобрата англиска лига заигра Џереми Монга со само 15 години и 271 ден..

Имено, Монга дебитираше за првата екипа на Лестер во дуелот со Њукасл, а затоа што уште не наполни 16 години немаше дозвола да користи класичен дрес на „Лисиците“ на кој има и спонзор на кои се рекламираат игри на среќа..

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Заради тоа, за момчето беше изработен посебен дрес, без реклами, и во негого одигра вчерашниот натпревар. (0:3).

И покрај лошиот резултат, сигурно ќе го памети својот деби засекогаш.

Инаку, Лестер го доживеа 12-от пораз во 14 одиграни натпревари оваа година, а не постигна гол веќе 12 часа.

Тие се првиот клуб во историјата на англискиот првенство кој на домашен терен изгуби осум натпревари по ред, без да постигне ниту еден единствен гол.

По синоќешниот пораз од Сраките, тие се претпоследната екипа на табелата на Премиер лигата со 17 бода од 31 натпревар.

Фото: Leicester City/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аргентинците го најавија „последното танго“ на Меси на 4 септември

Лионел Меси има 38 години и ја круниса својата успешна кариера со освојувањето на Светскот…