Дома Фудбал Влаховиќ е недостижен за Милан, но „план Б“ е човекот со над 600 голови во кариера

Влаховиќ е недостижен за Милан, но „план Б“ е човекот со над 600 голови во кариера

Извесно е дека Душан Влаховиќ ќе го промени клубот на крајот од оваа сезона. 

Имајќи предвид дека му истекува договорот со Јувентус, Душан Влаховиќ нема да остане бидејќи има неколку многу добри понуди на маса и најдобрата доаѓа од Барселона која го посакува како замена за Роберт Левандовски. Се спомнува дека се подготвени да издвојат 12 милиони евра годишно за плата, колку што има Влаховиќ во Јувентус. 

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Го посакуваат и многу други, еден од клубовите кој покажувал интерес е и Милан, но Росонерите се далеку од фаворити да го доведат српскиот напаѓач бидејќи не се подготвени да издвојат толкав износ годишно за плата. 

Сепак, тие имаат и план Б. Тоа е Роберт Левандовски, фудбалер кој ќе ја напушти Барселона на крајот од оваа сезона. 

Алегри многу го посакува Влаховиќ, но полскиот фудбалер е во овој момент пореална опција и некој кој и на 37 години би можел да помогне на тимот што бара сериозна „деветка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим силно ја нападна управата на Манчестер Јунајтед, тие веќе подготвуваат жесток одговор

Манчестер Јунајтед и вчера не успеа да забележи победа и одиграја нерешено на гостувањето …