
Бразилскиот клуб Фламенго отворено покажува интерес за доведување на Душан Влаховиќ. „Според мене, Влаховиќ е токму она што ни е потребно и би размислил за него. Не се соочуваме со проблем во финансиите, туку предизвикот е како да ги убедиме овие големи имиња од Европа да дојдат во Бразил. Сепак, во светот на фудбалот, никогаш не кажувај никогаш“, изјави спортскиот директор на Фламенго, Жозе Бото.
Португалецот Бото, кој во почетокот на годинава ја презеде спортската стратегија на бразилскиот гигант по престојот во Осиек, сега е главна фигура за трансфери во најбогатиот клуб на Јужна Америка. Фламенго има капацитет за ваква амбициозна операција – годишните приходи на клубот надминуваат 200 милиони евра, додека буџетот за плати изнесува над 100 милиони. За споредба, Јувентус минатата сезона потрошил 108 милиони евра за плати.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Душан Влаховиќ моментално е во комплицирана ситуација во Јувентус. Веќе од зимата е познато дека нема да потпише нов договор, а последиците се чувствуваат – го загуби местото во првиот тим на сметка на Рандал Коло Муани. Ова е јасна порака дека не се смета на него во долгорочните планови на клубот. Неговиот договор истекува за една година и тогаш неговата нето плата ќе се зголеми од 10 на 12 милиони евра, со што би станал еден од најплатените фудбалери во Европа.
Фото: Juventus FC/X