Бразилецот Винисиус Жуниор е прогласен за најдобар светски фудбалер во 2024 година според ФИФА.
Деветтото издание на The Best FIFA Football Awards се одржа во Доха, а својата премиера ја имаше во јануари 2017 година, кога Кристијано Роналдо ја доби наградата за најдобар во светот.
Патот на Македонија до СП 2026!? Никогаш не било полесно! ↓↓↓
Најдобрите тројца ги избраа селекторите, капитените на репрезентациите, избраните новинари и навивачите.
Заедно со Винисиус за наградата беа номинирани и неговите соиграчи Дани Карвахал, Федерико Валверде, Килијан Мбапе и Џуд Белингем, како и Тони Крос, кој се пензионираше на крајот од минатата сезона. Заедно со нив номинации заработија и Ерлинг Халанд, Родри, Ламин Јамал, Лионел Меси и Флоријан Вирц. Винисиус заврши на првото место. Зад него се Родри и Џуд Белингем.
„Се чинеше невозможно да се дојде до оваа фаза. Дојдов од мал град, пораснав во близина на криминалци, во сиромаштија. И сега сум тука. Благодарам на луѓето кои гласаа за мене, играчите, тренерите, навивачите. Сакам да останам во Реал уште долго време, ова е најголемиот клуб во светот“, изјави Винисиус по добивањето на наградата.
„Денес му пишувам на детето кое виде дека толку многу идоли го подигнаа тој трофеј, а сега дојде неговото време. Поточно, дојде моето време. Време е да кажам… Да, јас сум најдобриот играч на светот и јас се борев напорно за тоа.
Се обидуваа да ме обезвреднат. Но, тие не се подготвени. Никој нема да ми каже за кого да се борам, како да се однесувам.“, напиша тој.