Дома Фудбал ВИДЕО Во бугарската лига одржана минута молк за жив фудбалер

ВИДЕО Во бугарската лига одржана минута молк за жив фудбалер

АРДА и Левски во неделата одиграа 1:1 во натпреварот од 25. коло на бугарското првенство. Пред главниот судија да го означи почетокот на натпреварот, беше одржана минута молк за Петко Ганчев, поранешен играч на Арда. Сепак, се испостави дека Ганчев е жив и дека домашниот клуб имал погрешна информација за неговата смрт.

Одделот за односи со јавноста на Арда се извини на полувремето од натпреварот. “Драги новинари и навивачи на Арда, раководството на ПФК Арда се извини на поранешниот играч Петко Ганчев и на неговото семејство откако доби погрешна информација за неговата смрт. Му посакуваме на Петко Ганчев уште многу здрави години и да ужива во успесите на Арда”, објави петтиот клуб од бугарското првенство.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Марин Петков го донесе Левски во водство во 22. минута, а бод на Арда донесе Станислав Иванов во 82. минута. Арда со ремито против Левски, вториот на табелата, пропушти да го прескокне Ботев Пловдив на четвртото место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатно колку УЕФА заработи само лани

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги објави своите финансиски извештаи за минатата година…