
Во второто коло од Турскиот Куп, тимот на Газиантеп го совлада Коџаелиспор со резултат од 1:0.
Најистакнат момент на натпреварот беше исклучувањето на тренерот на домашниот тим, легендарниот турски фудбалер Бурак Јилмаз, поради неговата бурна реакција на одлуките на судиите.
Црвен картон уште во 12. минута
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Домашниот тим играше со играч помалку уште во 12. минута, откако Тајип Сануч беше исклучен поради остар старт врз Карол Линети. Главниот судија Бурак Пакан првично му покажа жолт картон, но со проверка преку ВАР, одлуката беше променета во директен црвен картон.
Оваа одлука предизвика силна реакција кај тренерот Бурак Јилмаз. Поранешниот напаѓач на големите турски клубови тврдеше дека неговиот играч бил претходно фаулиран од гостите.
Во момент на незадоволство, тој прво нападна помошен судија, потоа својот помошен тренер, и конечно четвртиот судија, поради што доби црвен картон. Можете да ја погледнете ситуацијата ОВДЕ.