Дома Фудбал (ВИДЕО) Реал постигна гол за пласман во финале. Реакцијата на Надал стана вирална.

(ВИДЕО) Реал постигна гол за пласман во финале. Реакцијата на Надал стана вирална.

СПЕКТАКУЛАРЕН реванш натпревар од полуфиналето на Купот на кралот одиграа Реал Мадрид и Реал Сосиедад (4:4) на Бернабеу. Реал Мадрид победи во гостување на првиот натпревар со 1:0. Но, гостите од Баскија дојдоа во Мадрид за да изборат пласман во финалето.

По регуларните 90 минути игра резултатот беше 3:4 за Сосиедад и натпреварот замина во продолженија. Таму Антонио Рудигер во 115-тата минута постигна за ерупција на воодушевување на Бернабеу и конечни 4:4. Реал Мадрид така го избори финалето на купот каде што го чека победникот од двомечот меѓу Атлетико и Барселона. Нивниот реванш е денеска во Мадрид, а првиот натпревар во Барселона заврши исто така 4:4.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Лудницата на Бернабеу ја следеше Рафаел Надал (38). Еден од најголемите тенисери во историјата, освојувач на 22 Гранд Слема, 36 Мастерси и едно олимписко злато е голем навивач на Реал. Неговата реакција на голот на Рудигер стана вирална. Снимката како еуфорично го слави голот за пласман на Реал во финалето се споделува на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Булатовиќ со хет-трик го реши Работнички, реми на Брера и Македонија Ѓорче Петров

Екипата на Пелистер освои важни три бода во битката за опстанок против Работнички славејќи…