Дома Фудбал (Видео) „Мама Миа“: Италијаните не можат да поверуваат што направи Лука Модриќ синоќа на „Сан Сиро“

(Видео) „Мама Миа“: Италијаните не можат да поверуваат што направи Лука Модриќ синоќа на „Сан Сиро“

Милан синоќа на своето поле ја победи Рома со минимални 1:0 во дербито на десетото коло од Серија А. Лука Модриќ повторно е главна тема на социјалните мрежи, а еден детал од синоќешниот натпревар особено се истакнува.

Расонерите оваа сезона играат во многу добра серија поради што се наоѓаат на горниот дел на табелата во сезона која би можела да биде исклучително интересна.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Имаме четири екипи на врвот меѓу кои разликата е само еден бод и ако се суди по утрото, ова би можела да биде една од најинтересните битки за шампионот на Италија во последните десетина години.

Тимот на Милан изгледа препородено на теренот, а синоќа овој тим на Сан Сиро во дербито на колото со минимални 1:0 ја победи Рома, која ја надмина на табелата.

Одлучувачкиот момент на натпреварот го видовме во 39. минута кога српскиот репрезентативец Страхиња Павловиќ го постигна единствениот гол, а асистираше Рафаел Леао.

Сепак, главната приказна на социјалните мрежи повторно е Лука Модриќ, кој игра спектакуларно откако ова лето потпиша за Милан.

Хрватот после 13 години го напушти Реал Мадрид, а доаѓањето на Сан Сиро беше полн погодок. И синоќа одигра одличен натпревар и “господареше” на средината на теренот, а еден детал особено ја воодушеви фудбалската јавност.

Екипата на Рома имаше добра шанса за контра, но неверојатниот Модриќ и покрај тоа што има веќе 40 години успеа да го запре нападот на Волкот, што предизвика воодушевување кај навивачите на Милан.

„Мама миа, Лука има 40 години, а ова го направи”, само е еден од коментарите на споменатата акција на Расонерите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тренерот на Раднички Крагуевац почина за време на натпреварот(видео)

Тренерот на српскиот фудбалски прволигаш Раднички Крагуевац, Младен Жижовиќ, почина за вре…