
Фудбалерите на Ливерпул запишаа нова победа во Англиската Премиер лига.
На својот Енфилд синоќа го совладаа Њукасл со 2:0 во дуелот од 27. коло. Ливерпул е се́ посигурен на патот кон новата титула на Премиер лигата.
Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓
По оваа победа, а и со ремито на Арсенал, Ливерпул има дури 13 бодови повеќе од првиот конкурент. Арсенал има еден натпревар помалку.
Во 11. минута за 1:0 погоди Унгарецот Собослај, додека во 63. сè заврши Аргентинецот Мек Алистер со гол за 2:0.
Ова беше јубилејната 20-та лигашка победа за Ливерпул оваа сезона, а головите може да ги видите ТУКА.