
Во ноќта помеѓу петок и сабота, околу 4.30 часот по македонско време, глобалната интернет ѕвезда Џејк Пол и двојниот светски шампион Ентони Џошуа ќе облечат боксерски ракавици и ќе се соочат во Кејси Центарот.
Борбата е официјален професионален натпревар во тешка категорија, планирана да трае осум рунди по три минути. На мерењето беше жешко, а Пол се погрижи да се зборува само за него со бизарното шоу. Му се закануваше и го навредуваше Џошуа, најавувајќи дека ќе го нокаутира.