
Легендарниот чилеански фудбалер и поранешен играч на Јувентус, Баерн, Барселона, Интер и други, отворено го сподели своето мислење за Реал Мадрид.
Добро е познато неговото ривалство со Реал Мадрид, а на подкастот Enfocados тој призна дека понекогаш се чувствувал измамен по мечевите против тимот од Сантјаго Бернабеу.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Тој изјави дека ВАР е воведен исклучиво за да се спречат судиските неправди кои му одат во прилог на Реал.
“Да, се чувствував измамен од Реал Мадрид. На двапати во Лигата на шампионите со Баерн, еднаш во четврт-финалето и еднаш во полуфиналето, кога не нокаутираа,” рече Видал.
Искусниот играч за врска, кој денес настапува за чилеанскиот Коло-Коло, отиде дотолку далеку да ја стави под прашање регуларноста на фудбалот пред воведувањето на технологијата.
“ВАР беше воведен поради Реал Мадрид. Претходно едноставно имаше премногу измами,” изјави тој и додаде:
“Затоа го измислија ВАР, за да не се краде повеќе.”