Дома Фудбал Вечерва револуција во светот на фудбалот – невидено и неверојатно

Вечерва револуција во светот на фудбалот – невидено и неверојатно

Францускиот шампион ПСЖ ќе биде водечки клуб во Европа барем според една ставка. Парижаните први воведуваат револуција во гледањето на фудбалските натпревари, односно навивачите од нивните фотелји ги носат директно на стадионот.

ПСЖ вечерва на натпреварот против Монако ќе биде првиот тим во Европа што ќе им овозможи на своите навивачи да го следат натпреварот од дома, но како да седат на „Паркот на принцовите“ благодарение на специјални виртуелни очила кои неверојатно уверливо ја прикажуваат реалноста.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


Со оваа технологија се добива импресивно искуство и не треба да се меша со виртуелната реалност. Наводно, е многу поуверливо. Претседателот на Реал од Мадрид, Флорентино Перез, пред неколку недели зборуваше токму за оваа технологија која има намера да ја имплементира во својот клуб, но Светците го претекнаа.

Идејата за Бернабеу Инфинита е многу реална и започнува да се остварува на експериментална основа во Париз. Мадрид ќе почека уште малку.

Се работи за следење на натпреварот во живо од фотелјата во својот дом, но со чувство дека седите на трибините. Благодарение на инсталираните камери со агол од 180 или 360 степени можете да изберете од кое место на стадионот ќе го следите натпреварот.

Носејќи очила визуелно „влегувате“ во натпреварот како да сте на стадион, со жив „surround“ звук, сè во екстремен квалитет, најмалку HD, до 8К во зависност од секоја врска.

Доцнењето е занемарливо, а натпреварот го гледате така што ја поместувате главата лево, десно како да сте на стадионот и наводно имате преглед на теренот, трибините, луѓето кои седат таму или небото над вас како да сте на самото место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мегваер од офсајд му донесе победа на Јунајтед

Манчестер Јунајтед со пресврт во последните минути славеше над Лестер и се пласира во след…