Дома Фудбал Варди со 38 години прави трансфер на кариерата и потпишува за англиски гигант?!

Варди со 38 години прави трансфер на кариерата и потпишува за англиски гигант?!

Џејми Варди следното лето со 38 години би можел да направи најголемиот трансфер во својата кариера.

Имено, како што тврдат англиските медиуми, раководството на Манчестер Јунајтед сака да испрати искусниот напаѓач следното лето.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Манчестер Јунајтед потроши над 100 милиони евра на двајца напаѓачи во изминативе две лета, но ниту еден од нив не фасцинираше особено.

Расмус Хојлунд постигна 23 гола за Манчестер Јунајтед, но само два во Премиер лигата оваа сезона.

Од друга страна, неговиот колега од нападот, Холанѓанецот Јошуа Зиркзе постигна пет гола во 36 одиграни натпревари за тимот од Олд Трафорд.

Како што пренесува „Атлетик“, раководството на Манчестер Јунајтед следното лето посакува искусен напаѓач, но условот е тој да биде слободен играч, бидејќи не сакаат да плаќаат отштета за него.

Напаѓачот на Лестер, Џејми Варди е кандидат број еден, според медиумите од Англија, а покрај него, раководството на Манчестер Јунајтед размислува и за Доминик Калверт-Луин од Евертон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Лука Јовиќ си замина од Милан!

Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ од следната сезона повеќе нема да биде дел од италијан…