
Македонскиот ракометен првак активно го гради ростерот за следната сезона, а најновиот сигнал за тоа доаѓа од Србија, каде медиумите објавија дека е постигнат договор со бразилскиот репрезентативец Жоао да Силва. Договорот, како што стои во информациите, би важел од следното лето.
Причината што веста прво се појави во северното соседство е едноставна – Да Силва моментално е член на Војводина. Таму ја минува својата втора сезона, но според српските медиуми, клубот веќе бара начин како да се раздели со него уште во јануари. Бразилецот подолг период е надвор од тимот поради повреда, а евентуалниот раскин на договорот во зимскиот преоден рок би можел да овозможи пристигнување во Скопје шест месеци пред предвидениот термин.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Да Силва игра на позицијата среден бек и зад себе има богато интернационално искуство. Повеќе од десет години настапува низ Европа, бранејќи ги боите на клубови како Адемар Леон, Шамбери, Бенфика, Стеауа и Динамо Букурешт. За бразилската репрезентација има 53 настапи и 114 погодоци.