
Од редовите на Вардар информираа дека клубот продолжува со работата на одблокирање на сметката и засега работите се одвиваат во добра насока.
Соопштението од Вардар ви го пренесуваме во целост:
Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓
АД ФК Вардар од Скопје на овој начин ја информира заинтересираната спортска и општествена јавност дека продолжува со интензивна деблокада на сметката на клубот.
Во овој момент подигната е блокадата во вредност од три милиони евра (3.000.000 евра) што беше поставена од УЈП, и подигната е блокадата од двесте илјади евра (200.000 евра) што беше поставена од АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.
Штетата и долговите што намерно или од незнаење ги имаат направено предходните управи, а немале капацитет, знаење и желба да го одглават клубот од ова финансиско ропство, актуелното раководство го решава во исклучително краток рок.
Долговите правени цела една декада, ќе бидат расчистени за период од 5 месеци од комплетното новото формално-правно менаџирање со Акционерското друштво.
Сите доверители, приватни лица или стопански субјекти, на кои ќе им бидат подмирени блокадите во целост, на веб страната на АД ФК Вардар ќе бидат поименично објавени со полно име и комплетна сума, за да може јавноста и навивачите да имаат јасна и прецизна слика за побарувачите и сумите.
Во меѓувреме сите тековни трошоци на клубот од летоска наваму се навремено и стонастотно исплатени.
АД ФК Вардар