
Ракометарите на Вардар 1961 конечно им се вратија на победничките патеки и на домашен терен му се реваншираа на Кристијанштад, славејќи со убедливи 35-30 (17-16) во рамките на четвртото коло од Европската лига на ЕХФ.
Домашниот состав одигра далеку поцврсто и поагресивно во споредба со мечот во Шведска, а централна фигура во триумфот беше Дмитро Хориха, кој блесна со девет погодоци. Значаен придонес даде и Јака Малус со седум гола, додека голманот Милош Валах беше еден од скриените херои – се истакна со 15 одбрани и во клучните моменти го одржуваше темпото на Вардар.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Кај гостите најрасположени беа Мансел со девет и Нилсен со осум погодоци.