Дома Фудбал Вардар ја одреди сумата за која би го продал Роџерс Мато

Вардар ја одреди сумата за која би го продал Роџерс Мато

Вардар во изминатите денови одби понуда од 350.000 евра од шкотскиот Хартс за својот најдобар фудбалер Роџерс Мато.

Поради тоа што интересот за неговите услуги е сè поголем, раководството на скопскиот гигант јасно ја постави цената под која нема да преговара.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Црвено-црните“ се подготвени да се разделат со Мато само доколку на нивна адреса пристигне понуда од најмалку 1,5 милиони евра за потписот на еден од најдобрите поединци во тимот.

„ФК Вардар АД ја информира јавноста дека, поради зголемениот интерес од повеќе странски клубови за нашиот фудбалер Рогерс Кассим Мато, Управата на клубот донесе одлука да утврди откупна клаузула во износ од 1.500.000 евра“, соопшти Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона сака да го откупи Рашфорд за 30 милиони евра

Изгледа дека Маркус Рашфорд ги задоволи челниците на Барселона и тренерот Ханси Флик. Пора…