На натпреварот помеѓу НАЦ Бреда и АЗ Алкмар во холандската Ередивизија се случи една бизарна ситуација.
Имено, фудбалерите на Бреда тргнаа во контра напад, а на теренот во тој момент имаше две топки.
Тоа не ги збуни домашните играчи, па преку Омартсон постигнаа погодок кој судијата го призна.
Следуваа жестоки протести од гостите, но тоа не донесе промена и Бреда поведе со 1:0 веќе во 12. минута од натпреварот.
Сепак, на крајот сите три бода ги однесе АЗ Алкмар со пресврт 2:1 со голови на Парот во 76. и Де Вит во 92. минута.
Инаку, Бреда е деветти тим во првенството со 22 поени, додека АЗ е шести со 29 поени.