Дома Останати Тенис Вакво нешто не се памети: Американска тенисерка сервираше на – празна половина?! (Видео)

Вакво нешто не се памети: Американска тенисерка сервираше на – празна половина?! (Видео)

Американката Коко Гоф, третата тенисерка во светот, ја победи Кинеската Жинвен Џенг со резултат 7:6 (7:3), 4:6, 7:6 (7:4) во полуфиналето на турнирот во Рим од серијата WTA 1000, епскиот дуел траеше повеќе од три и пол часа!

Гоф и Џенг го одиграа третиот натпревар, и ова беше трет пат 21-годишната девојка од Атланта да ја победи една година постара олимпсика шампионка во Париз од минатото лето, сега петта на WTA ранг-листата.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Во вториот гем на одлучувачкиот сет, кога дојде ред Американката да сервира, се случи смешен гаф, Гоф не обрна внимание каде се наоѓа Џенг и сервираше во празно додека Кинеската користеше пешкир.

Секако, сите учесници и публиката се насмеаа на комичната ситуација поради недостатокот на концентрација, но најслатко се смееше Гоф по тешката победа во која обезбеди финале против Италијанката Јасмина Паолини, која ја победи Американката Пейтон Стернс со резултат 7:5, 6:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Бекер: Ѓоковиќ нема да се откаже од 25. гренслем-титула, но времето го гази

Легендарниот германски тенисер Борис Бекер зборуваше за шансите на Новак Ѓоковиќ за освоју…