
Во четвртфиналето на Австралија Опен вечерва ќе се соочат Новак Ѓоковиќ и Лоренцо Мусети, а овој дуел би можел да влезе во историјата поради еден невообичаен факт.
Имено, многу е веројатно дека на натпреварот меѓу Ѓоковиќ и Мусети, двата тенисера ќе останат без присуството на своите тренери.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Од третиот круг против Ботик Ван де Зандшулп,тренерот на Ѓоковиќ Борис Бошњаковиќ не седи во неговиот агол поради вирус, а наместо него го поддржува агентот Карлос Гомез.
Од друга страна, Мусети остана без двајца членови на својот тим за време на овој турнир во Мелбурн.
Симоне Тартарини, кој е тренер на Мусети од почетокот на неговата кариера, се врати дома бидејќи му почина мајката, а кондициониот тренер Дамијано Фиоручи поради лични причини го напушти Мелбурн.
Натпреварот меѓу Ѓоковиќ и Мусети ќе започне околу 4:30 по централноевропско време. Досега имаат одиграно десет натпревари, при што Ѓоковиќ води со резултат 9-1.