Дома Фудбал Ваков трансфер регионот не памети: Динамо најдобриот фудбалер ќе го продаде за 22 милиони евра?!

Ваков трансфер регионот не памети: Динамо најдобриот фудбалер ќе го продаде за 22 милиони евра?!

Иако неодамна наполни само 22 години, Мартин Батурина е клучниот играч на загрепски Динамо, чиј трансфер се очекува да донесе одлична заработка за клубот од „Максимир“.

Таму медиумите наведуваат дека во Динамо се надеваат дека летово би можеле да го реализираат трансферот на Батурина, со отштета од дури 22.000.000 евра.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Интересенти има, а кажано би било дека најзаинтересиран е турскиот Галатасарај.

„Галатасарај тргнува силно по Мартин Батурина“, пишуваат турските медиуми, па нема сомнение дека во Динамо ќе има многу интересни случувања за време на летниот трансферен период.

Инаку, Батурина од почетокот на оваа сезона до сега одигра 41 натпревар, постигна шест погодоци и запиша 11 асистенции.

Фото: GNK Dinamo Zagreb/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ го убеди еден од најдобрите да дојде во Милан: „Стар пријателе, те чекам!“

Веќе во првите месеци во дресот на Росонерите стана јасно дека Милан не доби само уште еде…