Дома Фудбал ВАДА се заканува со забрана за Трамп: Нема да може да присуствува на Светското првенство?

ВАДА се заканува со забрана за Трамп: Нема да може да присуствува на Светското првенство?

Напнатоста помеѓу Светската антидопинг агенција (ВАДА) и Соединетите Американски Држави може да достигнат врв поради предлог кој би можел да го забрани претседателот Доналд Трамп, потпретседателот Џ.Д. Ванс и други американски службеници од присуство на Олимписките игри во Лос Анџелес 2028 и Светското првенство во фудбал кое ова лето се одржува во САД.

Предлогот, кој произлезе од долгогодишното одбивање на американската влада да ги плати годишните членарини на НАДА, ќе биде на дневен ред на состанокот на извршниот одбор на агенцијата следниот вторник, пишува „USA Today“. Одбивањето на плаќањето на членарината е резултат на едногласен, двопартиски протест на американската влада поради начинот на кој агенцијата ги решавала случаите на допинг.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Проблемот започна за време на администрацијата на Џо Бајден и продолжува под раководство на Трамп, а американската влада го условува плаќањето со спроведување на независна ревизија на деловното управување на ВАДА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Директорот на Наполи потврди: Хојлунд останува во клубот!

Според информациите на познатиот инсајдер Фабрицио Романо, Наполи планира да ја активира о…