Дома Фудбал Ужас во Франција: Избоден поранешен репрезентативец, одигра над 500 напревари во Лига 1

Ужас во Франција: Избоден поранешен репрезентативец, одигра над 500 напревари во Лига 1

Во четвртокот наутро, информациите од порталот actu.fr открија дека поранешниот француски дефанзивец Даниел Конгре бил пронајден во несвесна состојба во својот дом во Перолс, со сериозни повреди од нож во близина на срцето. Неколку часа подоцна, весникот Midi Libre потврди дека лицето е навистина Конгре, кој во моментот е спортски координатор во Лион.

Јавниот обвинител на Монпелје потврди дека инцидентот не е напад, туку обид за самоубиство. Поранешниот дефанзивец сега се лекува во Универзитетската болница во Монпелје, каде што неговата состојба е стабилизирана.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Треба да се напомене дека Даниел Конгре целата своја каријера ја помина во Франција. Беше познат како централен бек, но исто така беше флексибилен и можеше да игра на сите дефанзивни позиции. Своето фудбалско образование го започна во школата на Тулуз, а во 2012 година се пресели во Монпелје, каде што стана легенда на клубот во текот на девет години пред да замине во 2021 година. Последниот дел од својата играчка кариера го помина во Дижон. Конгре ја презеде улогата на спортски координатор во Лион во октомври 2024 година.

Во кариерата Конгре бранејќи ги боите на Тулуз, Дижон и Монпелје одигра над 500 натпревари во Лига 1, најсилната конкуренција во Франција.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Српски тим пред сензационален трансфер. Доведува играч од Кристал Палас

ФК Раднички 1923 од Крагујевац се подготвува за значително засилување за претстојната сезо…