Дома Фудбал Уште еден „паразит“ во светскиот фудбал: Речиси и да не игра, а кога ќе заигра добива 74.000 евра за минута!

Уште еден „паразит“ во светскиот фудбал: Речиси и да не игра, а кога ќе заигра добива 74.000 евра за минута!

Некогаш беше најголемиот светски талент, а денес е најголемиот фудбалски паразит. Постојано е повреден и скоро никогаш не е подготвен. Тој е третиот најплатен играч во тимот за кој не придонесува многу. Меѓутоа, не му паѓа на памет да го промени клубот.

Барселона му плаќа на Ансу Фати приближно 74.000 евра по одиграна минута. Луда сума, со оглед на тоа што оваа сезона има собрано 186 минути во осум настапи.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


На 22 години, некогашниот чудесен талент и производ на младинската академија на Барселона, веќе излезе од патот кој му беше неудобен.

Причината за тоа е серијата на повреди кои го измачуваа, го забавуваа и на некој начин ја одбележаа неговата кршлива судбина.

Најсериозната се случи пред речиси четири години, пукање на менискусот го принуди на две операции и го одалечи од теренот речиси една година (306 дена).

Она што се случи после тоа беше пекол затоа што повредите се редеа една по друга. Страдаше бутот, листовите, а мускулните влакна често попуштаа под стресот на тренингот и ритамот на натпреварите.

Болестите и техничките одлуки го претворија овој офанзивец во дух, и тоа во време кога за Барселона секој евро е важно, а неговата плата претставува тежок товар на буџетот.

Тој е третиот најплатен играч во каталонскиот тим. Има договор кој му гарантира 13.9 милиони евра бруто годишно до 2027 година, од кои отприлика половина од тој износ оди кај него.

Неговата ситуација е таква што претставува расипување на економските ресурси за управата, која имаше големи проблеми минатата зима да го регистрира Дани Олмо и да продолжи со работењето на пазарот.

Без голови, без асистенции со минимален придонес на играта. Ниту позајмицата во Брајтон не помогна во повторно оживување на кариерата. Од Англија се врати со истите сомнежи како и секогаш.

На неодамнешниот зимски трансфер пазар уште една позајмица во друг клуб исто така беше на масата, но вистината е дека Фати во ниту еден момент не размислуваше да ја напушти Барселона и да го остави големиот договор..

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Брера се засили со дефанзивец од Воска кој играл и во Австралија

23 годишниот одбранбен фудбалер Христијан Јанкулоски е ново име на Брера Струмица. Тој веќ…